Спуштете се во Call of Duty: Warzone Mobile

5 нешта што треба да ги знаете
Можеби претходно сте играле Call of Duty на мобилен, но не вака. Подигнете си го нивото на адреналин во сосем новата пукачка battle royale, Call of Duty: Warzone Mobile. Соочете се со 120 противници одеднаш во врвната battle royale.
Преполна со нови функции што можеби не им се познати дури ни на ветераните, ова не е само Warzone на мобилен. Еве само 5 од највозбудливите нешта поврзани со Warzone Mobile што треба да ги знаете од самиот почеток.
Battle anywhere
Call of Duty®: Warzone™ Mobile
Activision Publishing, Inc.
Купувања во апликација
3,9
488 илј. рецензија
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
За возрасни 17+
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот

1. Преминувајте побргу на следното ниво со напредок на повеќе уреди

Зачувувајте го и споделувајте го напредокот на мобилен, конзола и компјутер. Кога ќе отклучите оператори или оружје, ќе се пренесат во другите игри Call of Duty на другите платформи (и обратно). Рангот и наградите отклучени со пропусницата за битка ќе ви бидат достапни и на другите платформи, а ќе може и да ги пренесете каналите за разговор и списоците со пријатели за да продолжите со истата екипа.

2. Дизајнирајте оружје со менито Gunsmith

Создајте врвно оружје со новите исклучително моќни алатки за приспособување. Со навидум бескрајни надградби на додатоците, дотерување на оружјето и естетски промени, може да јуришате во битка опремени баш како што сакате. Плус, со напредокот на повеќе уреди, ќе ги имате најдобрите достапни опции во секој момент и ќе добивате дополнителни модификации со напредокот низ платформите за оружје.

3. Без контролер, без проблем

Контролите на Call of Duty: Warzone Mobile се интуитивно осмислени за мобилен и може целосно да се приспособуваат. Нишанете, пукајте и трчајте со еден допир или навлезете подлабоко и целосно оптимизирајте ги контролите за вашиот уникатен стил на играње. Играчите ветерани ќе ја препознаат сличната механика, додека новите регрути ќе можат бргу да се навикнат.

4. Верданск се враќа – а и други омилени мапи

Една од најпопуларните мапи во историјата на battle royale се враќа во Call of Duty. Верданск, мапа создадена според реално бојно поле, ги освои играчите со епските битки и неверојатно хаотичните групни борби. Може да ја откриете – или повторно да ја откриете – возбудата поврзана со легендарните мапи како Rebirth Island и Shoot House.

5. Оддадете им почит на воените херои и на славните лица

Многу од операторите кои може да се играат се засновани на вистински припадници на војската. Нивните достигнувања се слават преку достапните интересни ликови, како Ghost, Rose и Captain Price. Но, ќе имате можност и да отклучите забавни славни оператори, како Лионел Меси или Ники Минаж. Без разлика кого ќе го изберете, може да го приспособите операторот според стилот и карактерот – или за предност.
Call of Duty®: Warzone™ Mobile
Activision Publishing, Inc.
Купувања во апликација
3,9
488 илј. рецензија
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
За возрасни 17+